Манчестер сити против Ватфорд со постигнување кое повеќе од 70 години не е видено во елитниот англиски фудбал

Манчестер сити продолжи да го „тероризира“ Ватфорд откако вечерва славеше со 4:0 на гостински терен, во меч од 37-мото коло на Премиер лигата. Со овој резултат Граѓаните поставија рекорд кој не е виден во елитниот англиски фудбал уште од 1948 година.

Во двата меча кои сезонава Сити ги одигра со Ватфорд, фаворитот победи со вкупни 12:0 (во првиот дел од сезоната Сити дома победи со 8:0). Гол-разлика од +12 на еден тим во двомеч со ривал во една сезона немало уште од времето кога Арсенал го напати Гримсби точно пред 72 години.

Ватфорд со овој пораз останува во неизвесност дали ќе успее да обезбеди опстанок или не. Многу работи за овој тим може да зависат од вечерашниот дуел на кој Астон вила го пречекува Арсенал. Домаќините ќе бараат победа со која може да избегаат од зоната за испаѓање.

Рахим Стерлинг со два гола во првото полувреме го најави убедливиот триумф на Сити, а победата на гостите во второто полувреме ја потврдија Фоден и Лапорте. За Сити ова е вкупно 13-та победа по ред во дуелите со Ватфорд.

 

- Оглас -

Најнови вести