Манчестер сити режираше голеада и немаше маки против Фулам во ФА Купот

За разлика од големите ривали, Манчестер сити немаше мака да се пласира во осмина-финалето од ФА купот.

Избраниците на Пеп Гвардиола со убедливи 4:1 славеа над лидерот во Чемпионшип, Фулам.

Иако гостите поведоа со 0:1 со голот на Фабио Карваљо во четврттата минута, домаќините не излегоа од колосек и не дозволија да бидат изненадени.

Само две минути подоцна, Илкај Гундоган израмни на 1:1, а до крајот на првиот дел, пресвртот го комплетираше Џон Стоунс.

Во продолжението, предноста беше експресно зголемена со двата гола на Ријад Марез, со што се оттргнаа било какви дилеми за понатамошниот патник во најстарото фудбалско натпреварување во светот.

- Оглас -

Најнови вести