Манчестер сити си договори ново засилување за 65 милиони евра

Актуелниот европски и англиски шампион, Манчестер сити, до крајот на преодниот рок ќе биде посилен и за Матеус Нуњес.

Медиумите објавија дека Вулверхемптон ја прифатил понудата на Граѓаните вредна 65 милиони евра (55 милиони фунти), а Нуњес ќе потпише петгодишен договор.

Португалецот во Вулверхамптон пристигна минатото лето од Спортинг Лисабон.
Нуњес ќе биде четвртото засилување за менаџерот Хосеп Гвардиола летово, пред него на „Етихад“ пристигнаа Јошко Гвардиол, Матео Ковачиќ и Жереми Доку.

- Оглас -

Најнови вести