Манчестер сити следната сезона ќе биде уште посилен, се подготвуваат два спектакуларни трансфера

Манчестер сити имаше уште една разочараувачка сезона во Лигата на шампионите. Англискиот првак веќе неколку години се обидува да стигне до најзначајниот трофеј во клупскиот фудбал во Европа, но тој засега останува само сон за Граѓаните.

Сити во драматично полуфинале беше елиминиран од Реал Мадрид, и тоа со три гола кои ги прими во 90-тата, 91-вата и 95-тата минута (третиот погодок е во продолженијата од 2 пати по 15 минути).

Сега на тренерот Пеп Гвардиола му остана да се фокусира на трката за титулата во Англија, каде што Сити е лидер, но има само еден бод повеќе од Ливерпул. Токму Премиер лигата останува единствена шанса за трофеј на Граѓаните оваа сезона.

Според најавите од Англија, Сити уште сега подготвува стратегија за доведување две одлични засилувања во летниот преоден рок. Најавите се дека англискиот тим сега уште повеќе е решен во Манчестер да ги доведе Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и Френки де Јонг од Барселона.

Од 2011 година досега, Манчестер сити на купување нови играчи има потрошено 940 милиони евра, а јасно е дека во следниот преоден рок ќе биде надмината магичната граница од една милијарда евра дадени за засилувања.

- Оглас -

Најнови вести