Манчестер започна разговори со Барселона за доведување на Ракитиќ

Иван Ракитиќ е една од главните желби на тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер. Хрватскиот репрезентативец и член на Барселона никогаш не бил поблиску до трансфер на „Олд Трафорд“. Според каталонскиот весник „Спорт“, најтрофејниот англиски клуб и официјално покажал интерес за доведување на креативецот на Барселона.

Хрватот во Барселона е веќе пет сезони и е еден од главните играчи во средниот ред. Пред да дојде на „Камп ноу“, тој играше во Севилја. Како играч на каталонскиот гигант, Ракитиќ се радуваше на четири титули во Примера и една во Лигата на шампионите.

Сепак, многу веројатно е дека дојде време Хрватот да си замине од Барселона бидејќи на негова позиција е доведен одличниот млад холандски фудбалер Френки де Јонг, кој имаше блескави партии во дресот на Ајакс. Актуелниот договор на Барселона со Ракитиќ е до 2021 година, а се очекува тој да си замине ако „црвените ѓаволи“ платат 50 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести