Нов шок за Манчини и Италија – Се повреди десниот бек на Аѕурите, не игра против Македонија (Фото)

Џовани Ди Лоренцо веројатно нема да игра за Италија против Македонија на 24. март во Палермо, откако денеска стандардниот десен бек на Аѕурите се повреди на мечот меѓу Наполи и Удинезе.

Ди Лоренцо го повреди коленото и едвај излезе од терен во 78. минута. Фудбалерот на Наполи се обиде да продолжи да игра, но не можеше, па падна на терен, чекајќи помош од медицинскиот тим.

Џовани е стандарден десен бек на Италија, играше и на Европското првенство минатото лето, кое Аѕурите го освоија, па ќе биде голем проблем за Роберти Манчини да му најде замена.

Интересно е што против Македонија може да се случи да не игра комплетната одбрана што го почна Европското првенство.

Левиот бек Спинацола се повреди во текот на шампионатот и беше опериран па се уште не игра.

Ди Лоренцо се повреди сега и личи дека нема да игра против нас во баражот за Светското првенство, а неизвесен е и настапот на Кулите близначки, Бонучи и Кјелини на стоперските позиции.

Проблем за Манчини е што и Лоренцо Инсиње се жали на повреда и беше заменет на денешниот меч меѓу Наполи и Удинезе. Елиф Елмас влезе на местото на Инсиње во 88 минута, а Наполи со пресврт во второто полувреме славеше со 2:1. Илија Несторовски беше на клупата на гостите од Удине.

 

- Оглас -

Најнови вести