Манчини: Никој не сакаше да биде селектор на Италија, но јас верував во младите

Селекторот на Италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, рече дека во не толку одамнешно време, кога ја добил понудата (во 2018 година) да го води националниот тим, никој не сакал да се нафати, но тој сепак прифатил бидејќи верувал дека може да направи нешто специјално со Аѕурите.

Во квалификациите за Евро 2020, Италија имаше перфектни 10 победи на десет меча, па тимот на Манчини ќе биде во редот на најсериозните 4-5 кандидати за титулата на ЕП следната година. Можеби одложувањето за една година ќе им дојде добро за младите играчи кои се носители на играта да приберат уште малку искуство.

„Планиравме да играме пријателски мечеви на гости со Англија и Германија, а според планот, сега ќе се подготвувавме за ЕП. Но, ништо од тоа нема да се случи. Ми недостасуваат старите денови. Да се играше ЕП годинава, сите ќе имаа проблем со нас, тешко ќе губевме. Вака, се надевам дека младите ќе соберат искуство и догодина пак ќе бидеме во потребната форма. Најважно е да се задржи позитивната атмосфера. Италија секогаш имала добри играчи, но кога станав селектор, никој друг не сакаше да прифати, сите се плашеа од тешката ситуација“, изјави Манчини, кој веруваше во младите и тоа почна да дава резултати.

- Оглас -

Најнови вести