Манчестер јунајтед, Барселона и ПСЖ во трка за новиот Андреа Пирло

Еден од играчите кои треба да блесне во некоја од следните сезони е Сандро Тонали. Тоа е 19-годишен талент кој моментно е дел од екипата на Бреша, а веќе има и три настапи за сениорската селекција на Италија.

Тонали игра како креативец во средниот ред, а веднаш го покажа својот талент во дресот на Бреша, каде што дебитираше само на 17 години во Серија Б. По две сезони во втората лига, Бреша и Тонали влегоа во Серија А, а тинејџерот до прекинот на оваа сезона одигра 23 меча во Серија А и даде еден погодок, а имаше и пет асистенции.

За Тонали интерес покажаа повеќе европски клубови, како што се Барселона, Манчестер јунајтед и ПСЖ, но менаџерот Бепе Боцо верува дека најдобро за талентот е да остане во Италија.

„Јасно ми е дека Сандро сонува за настап во голем клуб. Не може секој играч да добие такви понуди како него на 19 години. Сепак, сметам дека за него најдобро е да остане во Италија затоа што веднаш може да се избори за место во првиот тим на кој било тим од Серија А. Одењето во странство ќе биде загуба и за италијанскиот фудбал“, вели менаџерот Боцо.

По стилот на игра, младиот Тонали го споредуваат со легендарниот Андреа Пирло, но сигурно има уште многу да се докажува за да стигне до нивото на еден од најдобрите играчи во Италија во последниве 30-тина години.

- Оглас -

Најнови вести