Манџукиќ ќе го пропушти миланското дерби во Купот?

Марио Манџукиќ е неизвесен за утрешното градско дерби меѓу Интер и Милан во кое миланските гиганти ќе се борат за пласман во полуфиналето од Италијанскиот куп.

Новиот член на Росонерите не е потполно физички подготвен и веројатно нема да му биде на располагање на тренерот Пиоли во важниот дуел. Манџукиќ дебитираше за Милан во поразот од Аталанта од 0-3 пред неколку дена влегувајќи од клупата за резерви.

Покрај Манџукиќ, дербито ќе го пропуштат Бенасер и Чалханоглу, додека неизвесни се Тонали и Калулу, а првиот голман Џиџи Донарума е суспендиран.

Моментално двете најдобропласирани екипи во Серија А вторпат сезонава ќе ги одмерат силите откако Милан славеше во првото дерби кое се одигра во лигашки рамки со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести