Манџукиќ официјално потпиша за Милан, не се плаши од „малерозната деветка“

Завршени се сите формалности околу трансферот на Марио Манџукиќ во Милан, па клубот објави дека потпишал договор со хрватскиот напаѓач, кој после една година се враќа во Серија А, и сега со Росонерите ќе атакува на титула.

Супер Марио ќе го носи дресот со бројот 9, број кој во последните години важи за малерозен во Милан, бидејќи ниту една деветка не се прослави.

Манџо кој во мај ќе наполни 35 години, во Милан доаѓа од катарски Ал Духаил, а има играно и за Јувентус, Атлетико Мадрид, Баерн, Волфсбург, Динамо, Загреб, и Марсонија. Договорот му е до крајот на сезонава, со опција за продолжување и за следната.

Интерес за него имаше од руски и турски клубови, но Марио сакаше да докаже дека уште може да игра во Топ 5 лигите. Неговиот трансфер го задоволство го прифаќа и Златан Ибрахимовиќ со кого ќе формираат опасен тандем.

- Оглас -

Најнови вести