Манце го менува Сала во Нант, Галатасарај го купи Митроглу

Антонио Манце е 23-годишниот напаѓач кој во екипата на Нант треба да биде замена за исчезнатиот Емилијано Сала, Аргентинецот кој од Нант премина во Кардиф, но на патот кон Велс најверојатно го загуби животот во авионска несреќа. Манце кај „канаринците“ доаѓа од словачкиот Тренчин, а претходно играл за Истра и Домжале. За Тренчин даде 18 гола на 30 натпревари.

Управата на Галатасарај „полуде“ на последниот ден од зимскиот преоден рок и ангажираше тројца фудбалери. Станува збор за Гркот Костас Митроглу (дојде од Олимпик Марсеј), Мбаје Дијањ (дојде од Касимпаша) и Кристијан Лијундама (досега играше за Стандард Лиеж).

- Оглас -

Најнови вести