Марадона до Бобан: Ајде во ринг да се пресметаме!

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, кој работи како тренер во Мексико, многу им се налути на челниците на ФИФА, што на еден од нив, Хрватот Звонимир Бобан, му предложи да влезат во ринг и да ги вкрстат ракавиците.

„Инфантино ветуваше нова ФИФА, но по заминувањето на Блатер, ништо не е сменето. И понатаму нема почит кон играчи како мене, Ван Бастен или Гулит. Нè третираат како кучиња. На советникот Бобан, кој ги прифати сите лоши работи, сакам да му порачам дека може да влеземе во ринг. Да, во ринг да се пресметаме. Не сум дете, имам 58 години и вакви работи ме навредуваат. Веќе никому не верувам“, рече Марадона, кој пред неколкиу месеци имаше вербален конфликт со Бобан во еден хотел.

Марадона, кој со години има проблеми со дрогата и алкохолот, често влегува во конфликти со противнички навивачи и луѓе од фудбалот, а најнова пречка на патот му е некогашниот капитен на хрватската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести