Марадона ја прослави победата на Наполи – додека гледаше на ТВ, сакаше да влезе на теренот

Најголемата легенда на Наполи, Диего Марадона, им честиташе на Наполитанците за освојувањето на Италијанскиот куп. Аргентинецот емотивно ги доживуваше моментите додека ги гледаше 90-те минути и пеналите.

„Горд сум на вас момци. Напред Наполи!“, напиша Марадона по мечот.

Марадона играше за Наполи од 1984 до 1991 година, период во кој на клубот му донесе две титули, а по еднаш ги освојуваше Купот на УЕФА, Купот на Италија и Суперкупот на Италија. Тоа беа времиња кога Марадона во Неапол го гледаа како Бог, а и уште е така. Диего, пак, додека од дома во Буенос Аирес ја гледаше средбата на телевизија, беше сликан од позади од неговиот пријател и адвокат, кој напиша дека Диего би сакал да влезе на терен.

- Оглас -

Најнови вести