Марадона: Меси не може да е лидер кога 20 пати оди во тоалет

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, повторно фрли „отровни стрели“ врз Лионел Меси. Марадона вели дека Меси е одличен фудбалер, но дека не може да биде лидер на националниот тим.

„Меси е одличен фудбалер, но не и лидер. Не може да бараш да биде лидер од човек кој 20 пати оди во тоалет пред почетокот на мечот. Ајде да престанеме да го правиме Бог. Тој едноставно е фудбалер од аргентинската репрезентација“, рече Марадона.

Лео Меси е клучниот играч за успесите на Барселона во изминативе 10-тина години, но затоа со селекцијата на Аргентина не може да се израдува на голем трофеј. По завршување на Светското првенство во Русија, Меси најави дека привремено се повлекува од селекцијата.

- Оглас -

Најнови вести