Марадона му посака лоша среќа на Меси

Легендата на Наполи, Диего Марадона, пред дуелот на неговите некогашни клубови, се надева дека Наполи ќе ја изненади Барселона и посака неговиот сонародник и наследник на светскиот трон, Лионел Меси, да не одигра добро. Наполитанците и Каталонците првпат се среќаваат на официјален меч на „Сан Паоло” во Неапол и публиката ќе има можност да го види „модерниот Марадона“.

„Се надевам дека Меси нема да одигра добро во Неапол. Сакам Наполи да изненади и да ги израдува своите приврзаници“, изјави Марадона, кој ќе биде на трибините во градот каде што го сметаат за фудбалски Бог.

- Оглас -

Најнови вести