Марадона првпат во животот е на страна на Ривер плејт

Диего Армандо Марадона го оправда непојавувањето на тимот на Ривер плејт на дуел со Атлетико Тукуман за да играат меч од купот на Аргентина. Од Ривер се плашат од можна зараза од коронавирусот, и го затворија својот стадион, не им дозволија на гостите и судиите да влезат, иако федерацијата не сакаше да го одложи дуелот и средбата требаше да се игра без публика.

Марадона кој е актуелен тренер на Гимназија Ла Плата, а легенда е на Бока јуниорс, го оправда потегот на ривалот.

„Знаете дека не ги сакам, но овојпат мислам дека се во право. Паметно постапија што не сакаа да играат“ – рече Марадона.

- Оглас -

Најнови вести