Марадона со прва фотографија по операцијата на мозокот (Фото)

Диего Марадона е пуштен во домашно лекување една недела по извршената операција откако му беше откриен хематом во главата. Зафатот помина добро, Диего мораше да седи неколку дена по препорака на специјалистите со цел да го следат неговото закрепнување.

Иако правеше проблеми и сакаше порано да си замине дома, Марадона издржа и ги послуша докторите, а од денес е пуштен дома.

„Диего го преброди критичниот период. Сака да закрепне најдобро што може и конечно доби дозвола да си оди дома. Сега му е потребен мир“, истакна неговиот адвокат Матијас Морла.

- Оглас -

Најнови вести