Марадона се налути што се шегуваа со него за „астронаутската“ маска (Фото)

Диего Марадона се најде во центарот на вниманието на пријателскиот меч на неговата Гимназија против Сан Лоренцо и тоа поради маската која ја носеше. Заштитата беше како визир и откако фотографиите се појавија во јавноста, најчестиот коментар беше дека Марадона како да дошол од друг свет или дека личи на астронаут.

Славниот Диего се налути за овие негативни коментари.

Марадона на „Инстаграм“ објасни зошто ја носел маската за која му се потсмеваа.

„Носев маска како што ми препорача лекарот. И докторите носат иста ваква. Јас само го правев тоа што ми е обврска, со цела почит кон сите кои починаа од ковид-19“, напиша Марадона, кој е непријатно изненаден.

„Читав шеги од возрасни, од деца, од новинари. Тие не се грижат за себе. Тие луѓе што ми се смеат, исто така и ме сакаат и прават скандали кога ќе го дознаат бројот на починати. Мора да се има почит“, додава Марадона.

- Оглас -

Најнови вести