Марез на мобилен телефон од гледач си направи ВАР-систем за спорната ситуација (Видео)

Ливерпул со 3:1 го победи Манчестер сити и сега има дури девет бодови повеќе од главниот конкурент за титулата. Гостите се жалеа дека судијата не користел ВАР-систем за да се увери дека имало ситуации во кои можело да се досуди пенал за Граѓаните.

При еден од спорните моменти, Ријад Марез, играчот на Сити, реши самиот да си направи ВАР-систем. Марез позајми мобилен телефон од еден од гледачите каде што можеше да ја види спорната ситуација, но и да ја покаже на еден од помошниците на тренерот Пеп Гвардиола.

https://twitter.com/i/status/1193574811894763520

- Оглас -

Најнови вести