Марез на забава на Миконос го убедил Халанд да премине во Манчестер сити (Видео)

Ерлинг Халанд и Ријад Марез се сретнаа на една забава на грчкиот остров Миконос во летото 2021 година и токму таму норвешкиот голгетер по еден разговор со Алжирецот, одлучил од Борусија Дортмунд да се пресели во Манчестер сити.

„Не разговаравме долго, но тој ми кажа дека треба да му се придружам во Сити бидејќи атмосферата во тимот била одлична. За мене многу е важно секојдневно да уживам во тимската атмосфера. Ријад не ми кажа многу, но тоа беше доволно за мене“, рече Халанд.

Марез не смета дека тој бил клучен.

„Не верувам дека има потреба некој да ги убедува играчите да одат во Сити. Секој сака да игра за таков тим. Имаме топ-екипа, супер момци, тоа е најважно“, вели скромниот Алжирец.

- Оглас -

Најнови вести