Марио Џунта ги изнасмеа сите: Како можев да го заборавам Пандев, извини Гоче…

Марио Џунта беше воодушевен од настапот на Горан Пандев за Џенова против Калјари, а го почна интервјуто за „Скај спорт 24“ со извинување до нашиот репрезентативец, што ги насмеа сите.

„Како можев да го заборавам Пандев во мојот тим на Фантази фудбал. Извини Гоче…“ почна репортерот на „Скај“.

Пандев со насмевка му одговори на Џунта дека не згрешил бидејќи бил резерва и дека ни тој самиот не очекувал толку рано да влезе во игра. Го замени повредениот Џилјоне во 39-тата минута, а само 240 секунди подоцна со итар удар ја погоди мрежата на Калјари.

Со тој гол, шести сезонава за Пандев, Џенова победи со 1:0. Пандев е најдобар стрелец на најстариот клуб во Италија, а изјави дека победите се многу повеќе важни од неговите голови.

На Фантази фудбал секако ќе му донесеше на Џунта многу поени, како единствен стрелец на мечот и најдобар играч на дуел на кој неговиот тим не прими гол.

 

 

- Оглас -

Најнови вести