Марк Овермарс потврди: Де Лихт заминува во Јувентус

Матајс де Лихт ќе биде нов играч на Јувентус. Ова го потврди и спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс. Според Овермарс, досегашниот капитен на холандскиот првак во новата сезона ќе биде дел од гигантот од Торино.

Најавите се дека Де Лихт вечерва ќе пристигне во Торино, а утре треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи, пред да биде официјално промовиран во ново големо засилување на Старата дама.

„Блиску е потпишувањето на официјалниот договор. Сега ги договараме банкарските гаранции, затоа што Ајакс е многу строг по тие правила. Се надевам дека брзо ќе биде комлетирано сè по договорот. Сигурен сум дека брзо ќе се среди тоа, сепак се работи за италијански првак“, откри Овермарс.

Откупната клаузула на Де Лихт е 150 милиони евра, но не се знае точно за колку пари Јувентус ќе успее да го доведе во Торино. Играчот ќе потпише петгодишен договор со италијанскиот првак, а годишно ќе заработува по 12 милиони евра, плус бонусите.

 

- Оглас -

Најнови вести