Маркес им се врати на победите со триумф во Сан Марино

Марк Маркес им се врати на победите и прв мина низ целта во Мисано на трката за Големата Награда на Сан Марино. Во возбудлив финиш актуелниот првак во Мото ГП успеа да ги одбие нападите на Фабио Квартараро.

Третото место е за сонародникот на Маркес, Вињалес, кој беше побрз од Валентино Роси на Јамаха и од Морбидели, кој го затвори топ-5 на трката во Сан Марино.

За Маркес ова е шеста победа сезонава и сега повторно ја зголеми разликата и во Генерален пласман. Со 250 бодови, 78 повеќе од Довициозо, Шпанецот е блиску до нова титула.

Трет во вкупниот поредок е Ринс со 149 бода, пред Петручи со 145 и Вињалес со 118.

- Оглас -

Најнови вести