Маркес седми пат во низа со пол-позиција во Германија

Марк Маркес седма година во низа ќе тргне од првата позиција на трката за Големата награда на Германија. Шпанецот е неприкосновен на патеката „Сашенринг“, ова му е 10-та пол-позиција, одноно вкупно 57-ма во кариерата, а во претходните шест сезони без грешка беше најдобар на германското Гран при во кралската класа.

Маркес во два наврати извозе најбрз круг и постави рекордно време од 1.20,195 минути. Зад него ќе биде Фабио Квартараро од Петронас Јамаха, додека од третото место ќе тргне Маверик Винјалес, победникот oд претходната трка во Холандија.

Ринс и Милер ја комплетираа првата петорка, додека Валентино Роси иако на првите квалификации беше најбрз, трката ќе ја започне од 11-тата позиција.

Трката на „Сашенринг“ ќе се одржи утре со почеток од 14 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести