Клаудио Маркисио бил ограбен во својот дом, а тој и споругата Роберта преживеја вистинска дрма откако крадците им се заканиле со вперени пиштоли во нив.
Легендата на Јувентус и Роберта Маркисио го напуштале својот дом кога наишле на група крадци, кои со вперени пиштоли во нив ги вратиле назад и ги ограбиле.
За среќа, сопружниците минале без повреди, а украден им е накит и пари од домот. Во моментите кога се одвивала драмата, за среќа, во домот не биле двете деца на Маркисио, Давиде и Леонардо.
Маркисио веднаш го пријавил случајот во полиција, а се трага по напаѓачите, кои најверојатно се Италијанци.