Голманот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, Марко Алчевски, заминува од Брера и во наредните две години ќе настапува во Израел. Тој вечерва потпиша двегодишен договор со израелскиот прволигаш Хапоел Ерусалим.
Алчевски е еден од најталентираните македонски голмани, а ова ќе биде негово прво интернационално искуство.
Во досегашниот тек од кариерата тој настапуваше за Брера, а една сезона беше позајмен и во Борец Велес.