Марко е светлата точка во ова сивило: 16-годишниот херој исплива третина од зацртаните 250 километри и не планира да застане (видео)

Марко Пејчиновски е херојот кој со својот досегашен историски подвиг не само што воодушевува, туку е и инспирација за многу спортисти и многу борци во ова свесно изопачено време.

Пливањето му го промени животот на нашиот млад маратонец кој боледува од Пертесова болест. Пертесовата болест е состојба која се карактеризира со исхемична некроза на феморалната глава што главно се јавува кај деца од три до седум години. Марко не може да трча и да пешачи на подолга релација, па затоа се одлучи да плива и тоа го прави во најголеми размери.

Неговата мисија да исплива вкупно 250 километри на Охридското езеро трае речиси еден месец. Досега помина една третина, поточно 82 километри во четири етапи од зацртаната цел. Му преостануваат уште шест етапи и 168 километри, по кои ќе испише историја за неверојатниот подвиг.

Првата етапа на релација Радожда – Охрид на 12 јуни Марко ја исплива за 5:29:09 часа и помина 14 километри. Шест дена подоцна, Марко исплива 18 километри за 6 часа и 40 минути на релација Радожда – Градиште.

Следниот предизвик му беше на 26 јуни на релација Радожда – Трпејца долга 20 километри, која Марко ја преплива за 06:04:39 часа.

Изминатиот викенд ја преплива и четвратата етапа, најдолга досега од 30 километри на релација Струга – Св. Наум, за што на Марко му беа потребни дури 9 часа и 26 минути.

Sport Life обложувалници како општествено одговорна компанија секогаш се стреми да им помага на младите спортисти, па затоа му излезе во пресрет на Марко Пејчиновски и неговата мисија со финансиска, но пред сé, морална и медиумска поддршка каква што заслужува.

Хероите и победниците се тие коишто ја пишуваат историјата на човештвото, а Марко само на 16 години веќе е великан на кој и легендите ќе му симнуваат капа и ќе му се поклонуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести