Марко се откажа поради болки во ногата, но испрати силна порака

Марко Пејчиновски мораше да се откаже од планираното пливање на 64 километри во Охридското езеро, поради болки во ногата, но 13-годишното момче ги собра симпатиите и има што да каже, испраќајќи силна порака.

„Желбата и волјата се крилја за големи дела. Утре сите заедно да ја дадеме нашата поддршка, да придонесеме за подигнување на свеста за лицата со ретки болести и да бидеме тие што ќе ја направат разликата“, напиша на својот фејсбук профил младиот пливач.

Се обиде да исплива цела делница од Охрид до Свети Наум и Струга и повторно до Охрид со цел да го крене вниманието на јавноста за помош на лицата со ретки болести, но се откажа по нешто под 12 испливани километри.

Пејчиновски има преживеано инфаркт на коска на долните ектремитети, но често учествува во хумани акции, со цел да се помогне на ранливите категории и лицата со ретки болести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести