Марко Вујин потпиша двегодишен договор, познат е бројот на дресот кој ќе го носи

Српскиот десен бек Марко Вујин потпиша двегодишен договор со ракометниот клуб Вардар 1961. Вујин, кој има 35 години и кој зад себе има богата интернационална кариера, го одбра бројот 41 на дресот со кој ќе настапува за Црвено-црните.

Вујин е поранешен репрезентативец на Србија, а во Вардар 1961 доаѓа од Спортинг Лисабон, каде што беше една сезона, откако претходно најдобрите настапи во кариерата ги имаше додека настапуваше за германски Кил. Вујин кариерата ја почна во Синтелон, а играше и за Дунафер, Веспрем, Кил и Спортинг.

Македонскиот претставник во ракометната Лига на шампиони досега ги официјализира трансферите на Кантегрел, Векиќ, Гаџа, Георгиевски, Талески и Вујин, па останува да бидат потврдени уште оние на Јагуриновски и Јотиќ. Тимот на тренерот Стевче Алушовски со подготовки почнува на 18 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести