Маркос Алонсо ќе стане третиот во историјата што играл за трите најголеми шпански клубови

Левиот бек Маркос Алонсо летово ќе се пресели во Атлетико Мадрид откако ќе му истече договорот со Барселона.

Ако се случи тоа, Алонсо ќе стане само третиот фудбалер во историјата кој ги носел дресовите на големата тројка во шпанскиот фудбал. Досега само Мигел Солер и Бернд Шустер играле и за Реал Мадрид, и за Барселона и за Атлетико.

Алонсо беше член на Академијата на Реал Мадрид, а се појави и на еден лигашки натпревар на првиот тим на Кралскиот клуб во април 2010 година. Алонсо од јануари 2023 година е во Барселона, а се шпекулира дека следен клуб ќе му биде Атлетико Мадрид, па ќе комплетира „хет-трик“.

- Оглас -

Најнови вести