Марота си ја призна најголемата грешка во Јувентус – Го утнал трансферот на Халанд за смешна сума

Извршниот директор на Интер, Џузепе Бепе Марота си ја призна најголемата грешка во кариерата, а таа се случила додека беше еден од главните луѓе во Јувентус.

Марота имал шанса да го доведе Ерлинг Халанд во 2018 година, кога норвешкото фудбалско чудо се уште беше член на Молде. Сумата што требало Јувентус да му ја плати на норвешкиот клуб за Халанд била 2 милиони евра.

„Требаше да притиснеме посилно, но некако трансферот ни побегна од раце. Тоа е мојот најголем кикс во кариерата. Сега веќе не верувам дека има било какви шанси Халанд во скоро време да игра за клуб во Серија А. Тогаш беше шансата, но ја пропуштивме“, изјави Марота.

Потоа Халанд си замина од Молде и потпиша петгодишен договор со Салцбург. По само една сезона одличниот напаѓач се пресели во Бундеслигата во редовите на Борусија Дортмунд за сума од околу 20 милиони евра.

Потоа се е познато, Халанд се вивна до соѕвездието на најдобрите напаѓачи на планетата, а има само 21 година и веќе вреди повеќекратно повеќе од понудата на Јувентус во 2018 година од два милиони евра што според Марота му била понудена на Молде.

 

- Оглас -

Најнови вести