Марсеј го нокаутира Тулуз со 6:1, Колашинац изненади со фудбалска магија (Видео)

Играчите на Олимпик Марсеј го прославија камбекот на терен по Мундијалот со шест гола во мрежата на Тулуз, а на „Велодром“ со фудбалска магија изненади Сеад Колашинац.

Бекот што имаше многу проблеми надвор од терените, па дури имаше и судир со локална банда во Лондон додека беше член на Арсенал, сега покажа дека знае и да игра фудбал, и тоа одлично.

Колашинац го постигна третиот гол за Марсеј во 51-вата минута, а со приемот на топката и со дриблингот пред голот на Тулуз покажа дека знае фудбалска магија.

Марсеј победи со 6:1 во меч со 6 различни стрелци и еден автогол и се проби на третото место во Лига 1 со 33 бода.

Пред 10-кратниот француски првак се ПСЖ, уште еден клуб со 10 титули, а има 44 бода и Ленс со 37 бода.

Тулуз е на 13-тото место со 16 бода по 16 кола во Лига 1.

- Оглас -

Најнови вести