Марсеј го претстави Санчес како суперхерој (видео)

Олимпик Марсеј доби огромно засилување во Алексис Санчес, ексѕвездата на Барселона и Арсенал. Чилеанскиот офанзивец потпиша двегодишен договор со некогашниот европски првак и заедно со Димитри Паје ќе бидат лидери на екипата која во новата сезона ќе игра под водство на Игор Тудор.

https://twitter.com/OM_English/status/1557342335448612872

На социјалните мрежи Марсеј го претстави Санчес како суперхерој. „Чудото од дете“ се вика ликот на Санчес, без разлика што тој има 33 години и полека влегува во ветеранските години од неговата кариера.

За Санчес ова ќе биде деветти клуб, кариерата ја почна во Кобрелоа, а позајмиците во Коло Коло и Ривер плејт му обезбедија трансфер во Удинезе. Оттаму во 2011 година ја засили Барселона, по што по доаѓањето на Нејмар во 2014 година, стана вишок и беше продаден во Арсенал. Манчестер јунајтед и Интер се последните два негови клуба, од Милано замина по предвремено раскинување на договорот со Нераѕурите.

- Оглас -

Најнови вести