Мартиќ сонува реприза од Истанбул на Ролан Гарос

Петра Мартиќ и Маркета Вондрушова ќе играат меѓусебе за најголем успех во кариерата и пласман во прво полуфинале на гренд-слем турнир, а за настап во завршницата на Ролан Гарос ќе бијат битка утре.

И интересно тоа ќе биде реприза на финалето од ВТА турнирот во Истанбул што се играше пред еден месец и каде Мартиќ со победа од 2:1 ја освои првата титула во кариерата.

Денеска хрватската тенисерка беше подобра од Каја Канепи со 2:1 во сетови и за првпат во кариерата ќе игра четвртфинале на гренд-слем турнирите.

Пред неа и 19-годишната чешка тенисерка со победа од 2:0 против Севастова се пласираше во четвртфиналето, што и е најголем успех во кариерата.

Една од нив ќе игра и полуфинале, а победничката ќе се знае по утрешниот четвртфинален меч.

- Оглас -

Најнови вести