Најинтересниот момент на вториот ден од Отвореното првенство на Австралија, покрај појавувањето на Новак Ѓоковиќ, беше интервјуто на Тунижанката Онс Жабер, која играше во финалето на последните два гренслем-турнири (Вимблдон и Отвореното првенство на Австралија), со кое ги насмеа навивачите на трибините на „Род Лејвер арената“.
Жабер со доста мака во три сета и два часа и 20 минути игра со 7-6,4-6,6-1 ја победи Тамара Зинданшек од Словенија, а по мечот на теренот имаше интервју со поранешната српска тенисерка Јелена Докиќ.
„Ова беше долг меч, дали те чека ледена када по ова“, беше последното прашање на Докиќ, а одговорот на Жабер ги насмеа навивачите и предизвика овации од трибините.
https://twitter.com/i/status/1615309792494362624
„Да, ледена када и ќе го натерам мојот сопруг чесно да се наработи вечерва. Ќе има многу масажа да за можам да закрепнам“, зборуваше Жабер, додека фановите на трибините се смееја.
„Масажа луѓе, масажа. За сите кои не знаат, сопругот ми е фитнес-тренер“, објасни Жабер.
Жабер и Карим Камун, кој е поранешен мечувалец, се во брак од 2015 година, а од 2017 почнаа да соработуваат професионално.