Масерот го „масираше“ времето, судијата се изнервира и му покажа жолт картон (Видео)

Во фудбалот има чудни и несекојдневни ситуации, но тоа што се случи на мечот меѓу младите селекции на Тајланд и на Малезија е вистински раритет. Играа фудбалери до 19 години, а жолт картон доби членот на медицинскиот тим на селекцијата на Малезија.

Масерот го „масираше“ времето, се обиде да задржува време колку што може и покрај повредениот играч, почна да ги прегледува и останатите репрезентативци. Судијата го забележа и му додели жолт картон.

Масерот сега треба да внимава да не собере три жолти картони, па ќе нема право на настап на следниот меч.

- Оглас -

Најнови вести