Масивен атак кон Џордан – Грант вели документарецот е ср*ње, Фелпс употреби уште потежок збор

Документарецот „Последниот танц“ за кариерата на Мајкл Џордан предизвика многу реакции во јавноста, а со свој коментар се јави и соиграчот на легендарниот кошаркар, Хорас Грент.

Крилниот центар на Чикаго булс од ерата на Мајкл Џордан воопшто не беше нежен кон својот соиграч, за кого велат дека е најдобриот кошаркар на сите времиња.

„Последниот танц е забавен за големиот дел од публиката, иако ние играчите знаеме дека грото од материјалот што е прикажан е чисто ср*ње. Воопшто не е реален, а ние кошаркарите не му молчевме на Џордан, како што е прикажано во филмот. Доста работи се извадени од контекст“, вели Грент.

Хорас беше важна алка во дрим-тимот на Чикаго булс, а заедно со Џордан освои три шампионски круни. Сосема различно е со легендарниот пливач Мајкл Фелпс, кој исто така реагираше без влакно на јазикот, а има критика и на своја сметка.

„Кога го гледам документарецот, сфаќам дека и јас како и Џордан сум бил голем шу*ак. Ги малтретирав луѓето околу мене за да биде се под конец, честопати и преку мерка, но тоа е поради желбата да се бележат врвни резултати“, изјави Фелпс.

 

- Оглас -

Најнови вести