Маскирани „командоси“ од Бугарија шетаат низ аеродромот во Милано (Фото)

Ширењето на коронавирусот во северниот дел на Италија најсериозно го сфатија во бугарскиот клуб Лудогорец од Разград, па со заштитни маски се појавија на аеродромот во Милано, каде што утревечер треба да гостуваат против Интер во реваншот од 16-финалето на Лигата на Европа.

Стадионот „Џузепе Меаца“ ќе биде празен, забрането е присуство на публика, ќе нема дури ниту новинари. Откажани се прес-конференцијата и официјалниот ручек со УЕФА.

Ситуацијата со коронавирусот е најкритична во областа Ломбардија, каде што е Милано, но и во Венето и Пиемонте. Изминатиот викенд во Серија А беа одложени три меча кои требаше да се играат во северниот дел на Чизмата, а одложувања ќе има и во претстојниот викенд.

Фудбалерите, тренерите и сите придружни лица стриктно ги следеа инструкциите и советите на медицинските власти. Фудбалерите на Лудогорец веднаш по мечот со Интер се враќаат дома со чартер-лет до Софија.

- Оглас -

Најнови вести