Маскотата на Филаделфија груба кон Дедо Мразовците (Видео)

На паузата за време на натпреварот помеѓу Филаделфија флаерс и Детроит ред вингс од хокеарската НХЛ-лига, маскотата на домашниот тим, популарниот Грити, ја забавуваше публиката на еден чуден начин. На теренот се појавија и двајца голмани како Дедо Мраз, но Грити немаше милост кон нив и со класичен хокеарски „бодичек“ ги турна на мраз. Тоа воопшто не беше пријатна слика за мали деца.

Можеби на прв момент изгледаше симпатично, но се чини дека Грити, кој првпат се појави оваа сезона, излезе од контрола. Коментарите по социјалните медиуми се дека веројатно Грити кога бил дете не добил подарок од Дедо Мраз, па не му го заборавил тоа и сега му се одмазди.

Инаку, Филаделфија со привремениот тренер Скот Гордон го победи Детроит со 3:2, во меч на кој Картер Харт го имаше дебито во НХЛ и одбрани 22 шута. За Флаерс, заврши серијата од четири порази по ред.

Резултати: Бафало – Флорида 2:5, Њу Џерси – Торонто 2:7, Њујорк ренџерс – Анахајм 3:1, Филаделфија – Детроит 3:2, Минесота – Сан Хозе 0:4, Чикаго – Нешвил 2:1, Далас – Калгари 2:0, Аризона – Њујорк ајландерс 1:3, Едмонтон – Сент Луис 1:4, Ванкувер – Тампа Беј 2:5, Лос Анџелес  – Винипег 4:1.

- Оглас -

Најнови вести