Математиката е немилосрдна – Еве зошто европските квалификации за СП се најтешки на светот (Фото)

Математиката е немилсрдна и многу прецизна, а ФИФА веројатно ќе мора да ги менува квотите за учество на репрезентациите на Светските првенства, бидејќи европските селекции се драстично оштетени.

Во овој квалификациски циклус за Мундијалот што ќе се игра следната година во Катар, за Европа се предвидени 13 места од вкупно 32 репрезентации што ќе играат за светската круна.

Направена е прецизен пресек на работите и според рејтинг-листата на ФИФА, Европа има дури 18 репрезентации во Топ-32. Бројката од 32 е симболична, одбрана според бројот на учесници на СП во Катар и е неумолива во корист на селекциите од Стариот континент, кои се најквалитетни на планетата, но и најоштетени со актуелниотквалификациски систем на ФИФА.

Јужна Америка има шест репрезентации меѓу 32-те најдбри на ФИФА ранг-листата и четири загарантирани места за Мундијалот, а петоппласираната ќе игра дополнителен бараж.

Африка има само 4 селекции во Топ-32 и пет места за пат во Катар, а Азија минува уште подобро. Со само две селекции меѓу најдобрите 32 на светот, Азијците ќе имаат сигурни четири учесници во Катар и уште дна репрезентација што ќе игра бараж.

Во Конкакаф зоната што ја опфаќа Средна и Северна Америка два состави се во Топ-32, а три репрезентации директно ќе се пласираат за настап во Катар идната година и можно е уште една селекција да им се приклучи на Мундијалот преку бараж.

Океанија нема ниту една селекција во најдобрите 32 на светот и ќе има можност преку бараж да се избори за едно место во Катар.

Од овој циклус ФИФА воведе и нов начин на играње на баражите во Европа, па наместо досегашните два дуели меѓу две селекции, по принципот дома-гости се играат два баражи меѓу различни репрезентации, со полуфинале и финале.

Во нив за првпат во историјата ќе учествува и Македонија, а патот кон Катар е исклучително тежок.

На вчерашната ждрепка како прв ривал ни падна актуелниот европски првак и четирикратен светски шампион Италија и ќе играме на гости на 24. март.

Ако ги минеме Аѕурите ривал во финалето повторно на гости ќе ни биде или претходниот европски првак Португалија, или Турција.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести