Марко Матераци, фудбалерот кој беше дел од генерацијата на Италија која го освои Мундијалот во 2006 година, по нешто помалку од 14 години конечно проговори за инцидентот со Зинедин Зидан кој го одбележа финалето против Франција. Се испостави дека приказните дека Матераци ја спомнал и навредил сестрата на Зидан се вистинити.
Во текот на продолженијата Матераци го провоцирал Зидан при еден прекин, на што легендарниот Французин не остана рамнодушен и со главата го удри дефанзивецот директно во градите. Зидан поради тоа заработи црвен картон и ги остави Триколорите на цедило, а Аѕурите ја добија битката по изведувањето пенали за нивната четврта светска титула.
„Искрено, не го очекував ударот од Зидан. Да знаев што ќе направи и двајцата ќе завршевме во соблекувалните. Имавме дуел во казнениот простор, му се извинив но тој реагираше лошо. Потоа имавме уште два контакти, по што застана пред мене и ми кажа дека ќе ми го даде дресот по натпреварот. Јас му одговорив дека подобро да ми ја даде сестра му и потоа се случи ударот“, открива Матераци.
Неславното завршување на блескавата кариера на Зидан можете да ја погледнете уште еднаш во следниот видео-прилог: