Матеус: Нојер не е веќе истиот, некогашниот Мануел ќе одбранеше два од четирите гола на Барселона

Легендата на Баерн Минхен, Лотар Матеус, во својата анализа за „Билд“ го коментираше убедливиот пораз на Баварците од Барселона со 4-1 во Лигата на шампионите, при што посебно внимание посвети на перформансите на голманот на германскиот клуб, Мануел Нојер.

„Не сакам да го навредам Мануел, но во моментот тој не е таа поддршка за тимот каква што беше во минатото. Во моментов, Мануел Нојер не е Мануел Нојер. Неговата игра на голот се промени. Порано ги предвидуваше сите ситуации, имаше поглед од 360 степени и можеше да иницира напади со прецизни додавања. Сега не може да ѝ обезбеди сигурност на одбраната. Ова го покажува и процентот, има само 40% одбранети удари во Бундеслигата“, изјави Матеус.

„Се надевам дека наскоро ќе го пронајде патот кон старата форма и самодовербата. Во минатото, кога ќе се соочеше со три удари на гол, како против Франкфурт, тој ќе одбранеше еден или два. Или, пак, во Барселона ќе одбранеше еден или два од четирите гола. Вториот гол на Барселона е добар пример. Мануел се двоумеше, потоа излезе напред, но не успеа да направи ништо за да го спречи голот“, заклучи легендарниот германски фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести