Матеус повторно е тренер и има голем проблем: Повеќето играчи не знаат да врзат врвки на патиките, веднаш ги кажав на нивните мајки

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус по пауза од 10 години повторно се врати во тренерската работа. Матеус последен пат беше селектор на Бугарија од каде си замина во 2011 година.
Некогашниот освојувач на Златната топка од 1990 година, направи изненадувачки потег и повторно е тренер. Матеус прифати да ги води „петлињата“ на ТСВ Грунвалд, каде настапува и неговиот осумгодишен син Милан.

„Немаа тренер, па одлучив да ја преземам одговорноста за тие дечиња. Повеќето од нив не знаат да ги заврзат врвките на патиките. Веднаш им кажав на нивните мајки дека мора да ги научат. Јас на пет години знаев да врзувам патики“, рече Матеус, кој во тренерската кариера бил и на клупата на Партизан, селекцијата на Унгарија, како и во екипите на Атлетико Параненсе и Макаби Нетања.

- Оглас -

Најнови вести