Немања Матиќ го пропушта дербито со Челзи

Репрезентативецот на Србија и член на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ, веројатно ќе го пропушти саботниот дерби-дуел од Премиер лигата против Челзи.

Матиќ во последните неколку недели има проблеми со грбот, оди на терапии, а ако не може да игра в сабота попладне, тоа ќе биде сериозен удар за тимот на тренерот Жозе Мурињо. Матиќ е еден од главните играчи во средниот ред на Јунајтед, а тој е ексчлен на „сините“ од Лондон и сигурно има многу мотиви да игра против бившиот клуб, кој сезонава игра добро.

Кај „црвените ѓаволи“, неизвесен е настапот и на Лук Шоу, кој поради повреда ја напушти англиската селекција.

На дербито, веројатно, очите ќе бидат свртени кон Белгијците, Еден Азар кај Челзи и Ромелу Лукаку кај Манчестер, но можеби и некој друг ќе блесне и ќе го одлучи победникот.

- Оглас -

Најнови вести