Матиќ: Солскјер ќе биде одговорен доколку Јунајтед не се бори за титулата во ПЛ

Во текот на летните подготовки Немања Матиќ имаше прилика да ја носи капитенската лента на Манчестер јунајтед, како еден од поискусните фудбалери во составот. Тоа му даде верба на српскиот играч за врска дека ќе има важна улога во тимот, но во пресрет на почетокот на новата сезона Оле Гунар Солскјер одговорноста му ја додели на Ешли Јанг, додека Матиќ го загуби и местото во првите 11.

При првата прилика малку послободно да зборува за ситуацијата во соблекувалната на Јунајтед, Матиќ за српските медиуми истакна кој ќе биде виновен доколку најтрофејниот англиски клуб не се врати на старите славни патеки, односно не успее да се наметне како конкурент за титулата во ПЛ оваа сезона.

„Тренерот е тој што го одбира составот за натпреварите, а ако тој тим не носи резултати, тогаш виновен ќе биде Солскјер. Јас морам да ја прифатам неговата одлука да ме остава на клупа, иако знам дека можам да понудам многу повеќе. Помеѓу мене и Солскјер нема никаков проблем, само му кажав дека не се слогласувам со него и неговиот избор за првите 11, на крајот одлуката е само негова и мора да се почитува“, истакна Матиќ.

По четири кола во англискиот шампионат, српскиот репрезентативец запиша само 22 минути, и тоа како замена во ремито против Саутхемптон, додека на негово место најчесто игра младиот Мектоминеј.

 

 

- Оглас -

Најнови вести