Маурисио Покетино е нов тренер на Челзи!

Аргентинскиот стратег Маурисио Покетино е промовиран за нов тренер на англискиот премиерлигаш Челзи. Покетино во сезоната која што измина не работеше никаде, а неговиот последен ангажман го имаше во Пари Сен Жермен, од каде што доби отказ, откако не успеа на „Паркот на принцовите“ да ја донесе титулата од Лигата на шампионите.

По таа авантура во ПСЖ, Покетино имаше неколку понуди, но реши дека треба малку да одмори за сега конечно да реши да се врати во тренерските води, и тоа како предводник на Челзи.

Договорот е потпишан на две години со можност за продолжување на уште една сезона. Тој доаѓа на местото на Френк Лампард, кој беше привремено решение на Челзи. Покетино во тренерската кариера бил на клупата на Еспањол, ПСЖ, Саутхемптон и Тотенхем, што значи дека има искуство со работа во Премиер лигата.

Во сезоната што заврши, Челзи освои 44 бода во 38 кола и тоа беше доволно дури за 12-тото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести