Мбапе доби животна лекција од француската легенда

Некогашниот француски репрезентативец Кристоф Дугари го критикуваше однесувањето на Килијан Мбапе велејќи дека е крајно време да престане да го покажува своето его и дека треба да се докажува на теренот, а не на социјалните мрежи.

Мбапе се налути на клубот за кој игра, откако го виде видео-спотот за продажба на сезонски билети за сезоната 2023/24. На спотот Мбапе е единствениот фудбалер кој говори во промотивниот филм. Ги нема другите големи ѕвезди, како Лионел Меси и Нејмар. Во клипот се и некои од талентите, како Заир-Емери, Гарби и Усни, како и Нуно Мендеш и градинарот на стадионот.

„Никогаш не сум известен за тој спот и не се согласувам со објавеното видео. Затоа се борам да ги имам правата на својот имиџ. ПСЖ е врвен клуб, големо семејство. не е тоа Килијан Сен Жермен“, беше реакцијата на Мбапе, а веднаш потоа спотот беше избришан.

По оваа реакција на Мбапе следуваше советот од Дугари. „Клубот требаше претходно да му се јави, тоа го разбирам, но мислам дека тоа не е таква грешка да заслужува внимание на социјалните мрежи. Сето тоа може да се реши без присуство на јавноста. Тоа не е елегантно. Можеше само да се јави кај претседателот, а не да пишува по социјалните мрежи. Не ја разбирам неговата порака. Нека престане, доста со тоа егото. Они губат меч за меч и тој своите вредности треба да ги покажува на теренот. Добиваат плати кои се луди, а прават проблеми поради некоја реклама што не ја одобрил На кого му е гајле за тоа?“, беше реакцијата на Дугари.

- Оглас -

Најнови вести