Мбапе е најскапиот млад фудбалер, Халанд не е во топ 5

Реномираниот магазин „Форбс“ кој се смета за најверодостоен извор на податоци за финансиската вредност на компании и луѓе, објави листа од 10 најскапи млади (до 21 година) фудбалери на светот. Според проценката и анализата на „Форбс“ врз податоци добиени од Трансфермаркет и ЦИЕС, највреден младинец во светот на фудбалот е Французинот Килијан Мбапе од ПСЖ.

Вредноста на Мбапе е проценета на 183,3 милиони евра.

Далеку зад него, на второто место на оваа листа е Жоао Феликс од Атлетико Мадрид, кој вреди 104 милиони евра, а трети е Каи Хаверц од Челзи со 98 милиони. За многумина изненадувачки, фантастичниот напаѓач Ерлинг Халанд не е меѓу највредните петмина младинци. Пред него се рангирани и Алфонсо Дејвис од Баерн, Матајс Де Лихт од Јувентус и Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Дури тогаш, на седмо место доаѓа Халанд кој вреди 68,3 милиони. Во Топ 10 влегуваат уште Ашраф Хакими од Интер, Виктор Осимен од Наполи и Феран Торес од Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести