Мбапе е новиот лидер: ПСЖ го освои првиот трофеј во ерата по Меси и Нејмар (Видео)

Екипата на ПСЖ сврте нова клупска страница во својата историја и дојде до првиот трофеј во ерата по Лионел Меси и Нејмар. Килијан Мбапе докажа дека е новиот лидер на Светците и ги водеше до трофејот во францускиот Супер куп и триумфот од 2-0 над Тулуз.

Иако на почетокот на сезоната делуваа лошо, сепак ПСЖ со игрите во првенството покажа дека заминувањето на двете ѕвезди е преболено, а тоа на најдобар можен начин го демонстрираа и синоќа, на дуелот против Тулуз, на кој лесно славеше со 2-0 со головите на Ли Канг-Ин и Килијан Мбапе.

Ова за ПСЖ беше 46-ти трофеј во домашните натпреварувања, 12-ти во Супер купот.

- Оглас -

Најнови вести