Мбапе го одигра најслабиот меч во дресот на Франција, можно ли е тој вака да шутира? (Видео)

Франција загуби на гостувањето кај Данска со 2:0 и го заврши слабото издание во Лигата на нациите. Во шест меча, Галските петли освоија само пет бодови, но се спасија од испаѓање од Сегментот А затоа што Австрија освои само четири бода и е последна во групата.

На последниот меч против Данска, еден од најслабите на теренот беше Килијан Мбапе. Првата ѕвезда на Французите, според многумина, го одигра најслабиот меч во националнот дрес, а тоа го поткрепија со видео од неговите потези.

Мбапе имаше два шута кон голот на Данска, кои завршија многу далеку од голот, па се најде на удар на сеирџиите на социјалните мрежи.

И покрај слабата игра на Мбапе, селекторот Дидие Дешамп знае дека тој е неговиот главен адут.

„Килијан направи многу добри работи. Тој е еден од малкумината што може да одигра по 90 минути само во три дена. Сепак, и тој не е семоќен. Не сум загрижен поради неговата игра“, рече Дешанмп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести